„Комуналец“ го исчисти плоштадот по одржувањето на карневалот
-Големиот број гости кои дојдоа да го посетат годинашниот Струмички карневал,покрај добрата забава, за жал, го преполнија со отпад централното градско подрачје. За вракање на плоштадот во првобитната чиста состојба уште во раните утрински часови на празникот Прочка во недела, екипите на ЈПКД Комуналец беа на терен и се погрижија да се исчисти целото расфрлено ѓубре, објавија од ЈПКД „Комуналец“.
-Централното градско подрачје мора да биде секогаш чисто и средено бидејки со тоа ја покажуваме нашата култура и еколошка свест како добри домаќини, напишаа од струмичкото комунално претпријатие.