fbpx

Откриени 64 мигранти во камион кај Струмица, возачот избегал

 Откриени 64 мигранти во камион кај Струмица, возачот избегал

Во камион со скопски регистарски ознаки, при полициска контрола на регионалниот пат Валандово-Струмица, биле откриени 64 мигранти од Бангладеш.

Возачот избегал, а лицата се сместени во ПТЦ „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

„Вчера околу 19 часот на регионалниот пат Валандово–Струмица на влез во Струмица полициски службеници од СВР Струмица забележале товарно моторно возило ‘ивеко дејли’ со скопски регистарски ознаки за кое имале информација дека превезува мигранти, по што возачот го застанал возилото и го напуштил местото на настанот. Во возилото полициските службеници пронашле 64 лица-мигранти сите од Бангладеш“.

Извор: МВР

Share via
Copy link