fbpx

Во 16 градови во земјава, вклучително и Струмица, ќе се формираат ковид-центри

Во 16 градови во земјава се формираат ковид-центри со цел да се подготви здравствениот систем за одговор на очекуваниот есенски бран на зараза со новиот коронавирус, а од друга страна да се компромитира редовното работење на болниците и здравјето на другите пациенти.

Подготовките веќе се започнати, во петокот од Министерството за здравство одржале видео-состанок со градоначалниците, а утре заедно со Комисијата за заразни болести ќе имаат состанок и со директорите на болниците.

Станува збор за градови каде веќе постојат општи болници и здравствени домови: Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола, Ресен и Прилеп.

Станува број за дополнителни времени капацитети, односно монтажни модуларни болници или креирање на посебни патеки и услови во некои објекти, како и лоцирање и прилагодување на одредени други капацитети кои би можеле да се адаптираат и користат како привремени ковид центри“,велат од Министерството за здравство.

Градоначалниците, велат од Министерството, се согласиле на ваквиот пристап за координација и изразиле подготвеност во рамки на своите надлежности, да ги стават на располагање сите капацитети.

На утрешниот состанок со директорите на болниците, пак, ќе се разговара за здравствените капацитети и техничките потреби.

Share via
Copy link