fbpx

Поскапуваат бензините, поевтинува дизелот

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика за половина денар се зголемуваат малопродажните цени на бензините, а за истиот износ се намалува цената на дизелот.

Од вечерва на полноќ Еуросупер БС-95“ ќе чини 60.00 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 62.00 денариз за литар. Новата цена, пак,  на Еуродизелот Д-Е V ќе изнесува 52.50 денара за литар.

За еден денар поевтинува Екстра-лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 кое од утре ќе се продава по цена од 52.00 денари за килограм.

Share via
Copy link