До недела претежно врнежливо, од понеделник стабилизација

 До недела претежно врнежливо, од понеделник стабилизација

Променливо облачно со сончеви периоди. На места, особено попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Максималната температура до 30 степени. УВ=6. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

До недела ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Од понеделник се очекува постабилно време. Дневните температури ќе бидат во пораст.

Share via
Copy link