„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Филипче: од утре дополнителни 150 болнички капацитети на Интерните клиники за третман на пациенти со ковид 19;
Од утре дополнителни 150 болнички капацитети на Интерните клиники за третман на пациенти со ковид 19;
Направивме координација со службите за Итна помош за сместување на пациентите согласно местата кои што ќе бидат на располагање веќе од утре.
Ги зголемивме капацитетите на пунктовите за тестирање, во ИЈЗ, ЦЈЗ Скопје и лабораторијата во болницата во Козле за 400-500 теста на ден, а ги вклучуваме и брзите тестови.
Дополнителни 6 пункта ќе работат од понеделник во Скопје согласно распоредот за тоа колку време е потребно да се земе брис и да се направи брз тест. Дополнителни 500 термини во денот ќе бидат на располагање на сите граѓани и пациенти почнувајќи од понеделник.
Пристигнати се сите вакцини за грип, викендот ќе се направи дистрибуција. Подготвени се пунктовите во Здравствениот дом и во Центрите за јавно здравје и вакцинацијата ќе започне од вторник.