fbpx

Полициски билтен:физички напад во Струмица, 65 лица не носеле заштитни маски

Вчера во 21:45 часот во Полициска станица Струмица И.М. (62) од Струмица пријавил дека во неговото дворно место на ул. Охридска“ во Струмица бил физички нападнат од Ѓ.Б. (57) од Струмица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (14.12/15.12.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 65 лица не ја почитувалe, од кои 33 во Струмица, 14 во Гевгелија, 12 во Радовиш и 6 во Валандово и ќе следуваат соодветни мерки.

Share via
Copy link