fbpx

Несовесни граѓани претвориле крак од одводен канал во депонија

 Несовесни граѓани претвориле крак од одводен канал во депонија

Заради несовесно однесување на граѓани од горниот дел на градот, кракот од одводниот канал кој се наоѓа на улицата „Бошко Буха“ е узурпиран и претворен во дива депонија, соопштија денес од ЈПКД „Комуналец“.

-Екипи на комуналното претпријатое излегоа на терен и започнаа со отстранување на сметот и чистење на каналот, како и со чистење на помошните решетки кои служат за побрзо собирање на надојдените води во одводната мрежа. Со тоа се спречуваат поплави во долните, но и погорните делови на градот. Се апелира до сите граѓани посебно до оние кои живеат околу каналите својот смет да не го фрлаат во или околу нив. Нивното неодговорно однесување придонесува до големи штети и поплави, извор на зараза и со тоа уништуват се она што е направено со функција да ни користи и помага во разни ситуации, стои во информацијата од ЈПКД „Комуналец“.

За поголема ефикасност и побрз одговор на комуналните проблеми со кои се среќаваат граѓаните ЈПКД „Комуналец“ отвори телефонски број 13-110, кој работи 24 часа, а на кој сите граѓани можат да ги пријавуваат дефектите на водоводната и канализациската мрежа, како и проблемите од јавна чистота.

На овој број можат да се јават и сите граѓани кои имат потреба од подигање на шут, градежен отпад, гранки од дрвја и друг цврст отпад.

Share via
Copy link