fbpx

Премиера на „Гронхолм метод“ во струмичкиот театар

 Премиера на „Гронхолм метод“ во струмичкиот театар

Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица утревечер со предпремиера и премиера в среда ја става во својот репертоар претставата „Гронхолм метод“ од шпанско-каталонскиот драматичар Жорди Галсеран во режија на Васил Василев од Бугарија.

Според режисерот Василев претставата „Гронхолм метод“ е психолошки трилер на кој ја истражува тенката граница помеѓу тоа што значи вистина и тоа што значи привид.

-Во современ контекст светот ни се открива како свет на претставување, претставувачки свет во кој нѐ манипулираат, но и ние исто така ги манипулираме другите. Затоа се наметнуваат повеќе прашања: Што е вистина, а што илузија? Можеме ли да живееме во свет на привиди и сличности? И дали можеме на таквиот манипулативен свет да му речеме не-како единствен начин да се сочуваме себеси и својата духовност? Се покажува дека во голема мера животот го поминуваме менувајќи ги своите маски кои ни ги налагаат невидливите владетели и идеологијата на успех по секоја цена. Пред нас е вечната борба-да се биде свој или да им се подадеме на заводливите прелаги, напиша режисерот Василев.

Улогите ги толкуваат Горан Ников, Танкица Стојанова, Игор Тодоров и Ванчо Василев. Сценографијата и плакатот се на Валентин Светозарев, костимите ги подготви Ванчо Василев, а композитор на музиката е Милен Апостолов.

Share via
Copy link