fbpx

Доделени сертификати за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

 Доделени сертификати за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Денеска во Општинската организација на Црвен крст Струмица се доделени сертификатите од првиот циклус обуки финансирани од Австриска агенција за развој, Австриски Црвен крст и Швајцарски Црвен крст.

Обучените кандидати ќе можат да ја даваат услугата помош и нега  во домот на стари лица над 65 години, како и на изнемоштени лица и лица со попреченост.

Сертификати добија 15 лица, кои во периодот од декември лани до февруари годинава ја посетуваа обуката.

Share via
Copy link