КОНКУРС ЗА ПОЕЗИЈА ЗА 15. ИЗДАНИЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „100 ИЛЈАДИ ПОЕТИ ЗА ПРОМЕНА“ 2025 ГОДИНА
Важни информации за вакцините
За сите наши граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината „Астра Зенека“ и за оние кои во следниот период ќе се вакцинираат, еве неколку важни информации за самата вакцина и процесот на создавање имунитет.
-По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои деновиве примиле вакцина треба да се исклучително внимателни и следните три недели да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита.
Најчести несакани ефекти: Болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакцијa
Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата
Повеќе информации за вакцините на нашиот официјален вебсајт.