fbpx

Ацо Ристов прогласи победа во Радовиш

 Ацо Ристов прогласи победа во Радовиш

Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за градоначалник на Радовиш, Ацо Ристов вечерва прогласи победа во вториот круг на изборите за градоначалник. Тој преку изјава им се заблагодари на радовишани, а во Радовиш веќе се слави победата на Ристов.

-Ви благодарам на сите за оваа голема победа за Радовиш, во која вие се докажавте дека го имате правиот начин и метод како да стигнеме до целта. Ви благодарам за упорноста, стрпливоста и мудроста. Од утре почнуваме да го градиме Радовиш таков каков што се договоривме, рече Ристов по прогласувањето на победата.

Според неофицијални партиски пресметки Ристов победил пред противкандидатот Коле Чаракчиев од СДСМ со 2.500 гласови повеќе.

Share via
Copy link