Отворена фитнес зона во Градскиот парк во Струмица

 Денеска градоначалникот на Струмица,Костадин Костадинов и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, ја предадоа во употреба новата фитнес зона во Градскиот парк, финансирана од Агенцијата. Директорот Мојсовски истакна дека фитнес зоната во Струмица е петта која се отвора во државата од вкупно 15, а најави дека наскоро треба да почне и изградбата […]

Средните училишта и вонредните ученици со голем интерес за програмата

Средните стручни училишта од Република Северна Македонија и вонредните ученици се заинтересирани да бидат дел од реализација на пилот мерката „Втора шанса“ во рамки  на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ кој го спроведува Агенцијата за вработување и е финансиран од ЕУ. Целна група на пилот мерката „Втора шанса“ се невработени […]

Полициски билтен:двајца уапсени во Гевгелија кај нив пронајдена дрога, пожар

На 14.03.2023 во 15.45 часот во Гевгелија полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода К.П. (42) од Гевгелија и М.У. (42) од село Богородица. При претрес на домот на К.П. извршен со судска наредба биле пронајдени растителна и прашкаста материја, како и дигитална вага. М.У. бил затекнат заедно со К.П. при купопродажба на дрога. […]

Костадинов:Струмица ќе формира јавно претпријатие за јавен превоз

-Нека е со среќа.Денеска советот донесе голема одлука.Се формира ново јавно претпријатие „Струмица Транспорт“ кое ќе го воведе јавниот превоз во Струмица.Прва општина која ќе има целосно електричен, еколошки јавен превоз, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Завршува обврската за зимска опрема во возилата

Денеска завршува обврската за поседување на зимска опрема во возилата. Обврската стапи на сила на 15 ноември минатата година. Обврската е пропишана во член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, каде во став 1 е наведено дека моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 […]

Исплатени се средствата за ученички и студентски стипендии и за

редствата по основ на ученички и студентски стипендии на новите и постојните корисници се исплатени. Учениците кои го оствариле ова право во учебната 2022-2023 година, на своите сметки добија 7 месечни стипендии, додека на студентите им се префрлени 6 месечни стипендии. На постојните корисници исплатени им се средствата за февруари и март. Исто така извршена […]

Струмица и Петрич ќе спроведуваат проект за заштита од непогоди

„Заштита на локалното население од природни катастрофи и непогоди предизвикани од човечкиот фактор“ – ова е заедничкиот проект што општина Струмица и општина Петрич ќе го спроведуваат во рамки на Програмата за меѓугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија. Имено станува збор за проект вреден 400.000 евра, кој опфаќа набавка на опрема за реакција при […]

Во претрес во гевгелиско, пронајдени пушка и муниција, приведени две

На 13.03.2023, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје, Регионалниот центар за гранични работи Југ и СВР Струмица – ОВР Гевгелија, во рамки на заедничка и координирана акција за спречување на прекуграничен криминал и со наредба од Основен суд Гевгелија, извршиле претрес во викенд куќи и […]

Следниот месец пензионерите ќе добијат пензија повисока за 8,4 отсто

Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно одлуката на Владата на Република Македонија од март 2022 година за новата методологија за усогласување на пензиите со мартовската исплата пензиите ќе се зголемат за 8,4%, информираат од Министерството за труд и социјала. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување […]

Од април минимална плата ќе биде 20.175 денари

Почнувајќи од април минималната плата во државата ќе биде повисока за 2.175 денари и од 18.000 ќе се покачи на 20.175 денари. Ова е 12% зголемување на основната минимална плата. Секој работник следниот месец ќе ја зема оваа плата како минимална. Согласно законот за административни службеници којшто е усогласен со законот за минимална плата тоа […]