РЕЗУЛТАТИ ОД ГОДИШНО ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА ЗНМ

Рекорден број на новинари и медиумски работници беа присутни на годишното Изборно собрание на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на кое се гласаше за нов Претседател на Здружението и за нови членови на Управниот одбор, Надзорниот одбор и Советот на чест при ЗНМ. Присутни во салата беа околу 500-тини новинари и медиумски работници, од […]

Дрес од „тиверијанки“ за Зоран Заев

Канцеларијата на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ ја посетија претставници на ЖФК „Тиверија“, еден од најуспешните женски фудбалски клубови во државата. Притоа, на директорот и основач на фондацијата, Зоран Заев, му врачија врамен дрес на ЖФК „Тиверија“, во знак на благодарност за поддршката, афирмацијата и популаризацијата на женскиот фудбал во Струмица и државата, […]

Гореше трафостаница во Струмица

Денеска во 10:05 часот, на улица „Ристо Ќурчиев“ бр.6, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 3 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена трафостаница. -После исклучувањето од системот на напојување од страна на екипа на ЕВН, пожарот беше локализиран и ликвидиран, информираа струмичките пожарникари.

Велосипедист потешко повреден по пад од велосипед

Вчера во 15:55 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на улица „Ѓорги Василев“ во Струмица, Ѓ.С.(74) од село Градско Балдовци, Струмичко, управувајќи велосипед изгубил контрола и паднал на коловозот, соопштија од МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската […]

Повреден работник во трафостаница во Струмица

Работник е повреден при извршување на работни задачи  во трафостаница во Струмица, соопштија денеска од СВР Струмица. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување лекарска помош. Увид извршиле трудов инспектор и екипа на Секторот за внатрешни работи Струмица.

Се чистат атмосферските канали во Општина Струмица

Деновиве се врши чистење на атмосферски канали во Општина Струмица.Во моментот се чисти каналот „Крушевска Република“ на потегот од улицата „Климент Охридски“ до уливот во реката Тркања и атмосферските канали во населеното место Муртино. -Продолжуваме понатаму со река Тркања во опфат на село Градско Балдовци и отворениот дел од каналот Крушевска Република во урбаниот дел […]

Приведен крадец во Струмица, фатен на дело

Вчера во 15:30 часот на улица „Ѓорги Трајков“ во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода А.А.(43) од Струмица.Тој бил фатен при извршување „тешка кражба“ во објект во Струмица, при што одзел повеќе предмети, соопштија денеска од МВР. Кај лицето биле пронајдени одземените предмети, а за случајот бил запознаен Јавен обвинител […]

Се одржа трибина во рамките на Кампањата „16 дена активизам

-Заедно сме посилни во решавањето на проблемите и создавањето пристоен живот за сите.Вечерва тоа и ги потврдиме со полната сала во Домот на АРМ на трибината во рамките на Кампањата „16 дена активизам за борба против семејно и родово базирано насилство“.Подаваме рака за сите форми на згрижување на жртвите и остануваме отворени како и досега […]

Полициски билтен:казни за брзо возење, физички напади во Струмица и

На 27.11.2022 година во перидоот од 11.00 до 17.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 74 прекршувања на брзината, од кои 28 на подрачје на Струмица, 26 на подрачје на Радовиш и по 10 на […]

ПРОМОЦИЈА НА РОМАНОТ „ТАРАФОТ“ ОД ПЕТАР ТРАЈКОВ ВО СКОПЈЕ

Во автентичен  книжевно  афирмативен  амбиент на „Метаноја кафе“ во Скопје во сабота  се одржа промотивно читање на  книгата „Тарафот“ од Петар Трајков од Струмица. Промоцијата беше реализирана како читање на делови од текстот одбрани лично од авторот. И негова интерпретација.  Модел  кој авторот го избрал како  актуелен во земјите со искусна читачка публика. Промовирање со […]