Во претрес во гевгелиско, пронајдени пушка и муниција, приведени две

На 13.03.2023, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје, Регионалниот центар за гранични работи Југ и СВР Струмица – ОВР Гевгелија, во рамки на заедничка и координирана акција за спречување на прекуграничен криминал и со наредба од Основен суд Гевгелија, извршиле претрес во викенд куќи и […]

Следниот месец пензионерите ќе добијат пензија повисока за 8,4 отсто

Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно одлуката на Владата на Република Македонија од март 2022 година за новата методологија за усогласување на пензиите со мартовската исплата пензиите ќе се зголемат за 8,4%, информираат од Министерството за труд и социјала. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување […]

Од април минимална плата ќе биде 20.175 денари

Почнувајќи од април минималната плата во државата ќе биде повисока за 2.175 денари и од 18.000 ќе се покачи на 20.175 денари. Ова е 12% зголемување на основната минимална плата. Секој работник следниот месец ќе ја зема оваа плата како минимална. Согласно законот за административни службеници којшто е усогласен со законот за минимална плата тоа […]

Тешко повреден возач по излетување на патот Свидовица и Куклиш

Синоќа во 20:00 часот на регионалниот пат с.Куклиш-с.Банско-с.Мокрино, на делницата помеѓу с.Свидовица и с.Куклиш, патничко моторно возило „ланчија“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ц.Ц.(61) од Струмица, излетало надвор од коловозот, соопштија денеска од МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ц.Ц. кои му биле констатирани од лекар во Општата болница Струмица. […]

Костадинов:“GetExitEd“ повторно ќе се случи оваа година во Струмица

-Убави вести – директно од Нови Сад! Со гордост потврдувам дека “GetExitEd“ повторно ќе се случи оваа година во Струмица. Ова ќе биде голем настан кој нé обединува во процесот “Отворен Балкан“, објави градоначалникот, Костадин Костадинов. -На Септември, нашиот град повторно ќе биде домаќин на фестивалската програма која ќе понуди регионални и светски познати музички […]

КОСТАДИНОВ ВО ПОСЕТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НОВИ САД

Денеска градоначалникот на Општина Струмица во рамки на неколкудневната посета на Република Србија оствари средба со Милан Ѓуриќ, градоначалник на Општина Нови Сад на која, двајцата колеги разменија информации и искуства од управувањето со Општините, а најавија и почеток наинтензивна соработка на повеќе теми. “Големо е задоволството да се биде гостин во официјална посета на […]

Продолжуваат консултациите на локално ниво за креирање на новата Национална

Агенцијата за млади и спорт со поддршка на партнерите Мисијата на ОБСЕ воСкопје, Фондот за население на Обединетин ации (УНФПА) и Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП) продолжува со консултации и јавни дискусии за Националната стратегија за млади 2023-2027 кои ќе се спроведуваат на локално ниво во следните општини: ●Струмица – 10.03.2023 (петок), со […]

Костадинов: Основното училиште „Гоце Делчев“ во Вељуса станува енергетско ефикасно

Градоначалникот Костадин Костадинов денес сподели дека основното општинско училиште „Гоце Делчев“ од Вељуса станува енергетско ефикасно, врз основа на договорот за рехабилитација/реконструкција на училиштата за потребите на Министерството за образование и наука во вредност од 39.401.795,19 денари со вклучен ДДВ.

МТСП ги објави списоците на корисници на финансиска поддршка

Министерството за труд и социјална политика на својата веб-страница ги објави списоците на корисници на финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза. Списоците се достапни на линкот: http://bitly.ws/BcrC . Паричните средства ќе бидат исплатени идниот понеделник, 13 март. -На веб-страната на Министерството за труд и социјална […]