Денеска се одржува аукција на деветата еврообврзница

Министерството за финансии соопшти дека денеска ќе се одржи аукцијата за деветата еврообврзница. – Агентите и потенцијалните инвеститори се известени, а според изразениот интерес кај инвеститорите се очекува успешна аукција. Сумата на која ќе биде запишана еврообврзницата ќе зависи од постигнатата цена на пазарот, а во насока на нашите заложби за задржување на најоптимално должничко […]

Казнети 74 лица за брзо возење на подрачјето на СВР

На 05.03.2023 во периодот од 12:00 до 18:00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 74 пречекорувања на брзината, од кои 34 на подрачје на Радовиш, 24 на подрачје на Струмица, 12 на подрачје на […]

Јапонија донира нов Ултразвук на Гинекологија во струмичката болница

Денеска ЈЗУ „Општа Болница” Струмица потпиша договор со амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја за Грант проект за набавка на ултразвучен систем преку GGP програмата на Јапонската амбасада- ” Грант помош на мали проекти за човекова безбедност”. Станува збор за вкупна вредност на одобрени средства од 3.133.693,00 МКД (51.462 ЕВРА). -Огромна благодарност до почитуваниот амбасадор за […]

Загина тракторист од Вељуса

На 1 овој месец во Полициската станица Струмица било пријавено дека В.М.(72) од село Вељуса, струмичко, управувајќи трактор во нива во атарт помеѓу селата Ангелци и Вељуса, изгубил контрола и се превртел со тракторот, соопштија од СВР Струмица. Од здобиените повреди В.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Увид […]

Изгоре куќа во Конче

На 28.02.2023 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на Х.Д.(66) од село Конче, радовишко, во кој изгореле дел од кровната конструкција на куќата, неколку простории и дел од покуќнината, сопштија денеска од СВР Струмица. Повредени лица нема, а по интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен. […]

Силно невреме ја погоди Струмица вечерва-град, мраз, молњи и обилен

Вечерва околу 20 часот Струмица ја погоди силно невреме проследено со град, мраз, молњи и обилен дожд невообичано за овој период од годината. Екипи на ТППЕ Струмица и „Комуналец“ се излезени на терен и работат на отстранување на штети пријавени од граѓани.

Струмица ја одбележа 19-годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски

-Колку и да сме свртени кон празникот Прочка, колку и да сме дел од еуфоријата од карневалските свечености, Струмица и струмичани не го забораваат својот сограѓанин, Претседателот Борис Трајковски, објави градоначалникот на Струмица на по повод 19-годишнината од неговата трагична смрт. Пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на претседателот Трајковски, говореше градоначалникот Костадинов. -Борис Трајковски […]

„Комуналец“ направи генералка на Градскиот плоштад по карневалот

-Генералка после карневалот на градскиот плоштад.Вредните работници од Kомуналец ќе го светнат плоштадот за да им биде чисто на дечињата кои ќе учествуваат на детскиот карневал, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Атанас Костуранов и Катерина Јовановска принц и принцеза на Карневалот,

Атанас Костуранов и Катерина Јовановска се избрани за принц и принцеза на синоќешниот маскенбал што се одржа во Хотелот „Сириус“ во Струмица. Тие вечерва заедно со кралот на карневалот ќе ја предводат карневалската поворка по улиците на Струмица на Интернационалната карневалска вечер, кој почнува во 18.30 часот. Градоначалникот Костадин Костадинов заедно со неговата девојка Гордана […]