Под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Струмица, а во организација на Општинскиот Сојуз на училишни спортови, синоќа во хотелот „Сириус“ по јубилеен 60-ти пат беа избрани и прогласени најдобрите и најуспешните спортски екипи, тренери и спортисти во општина Струмица за 2022 година. Покрај спортистите на „Изборот на спортист на годината“ присуствуваа и награди […]
Општина Струмица денеска гордо и достоинствено одбележа 151 година од раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев. Пред споменикот подигнат во негова чест, за животот и делото на Делчев зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов кој потенцираше дека Гоце за Македонија се бореше, за Македонија ги негуваше своите социјалистички и револуционерни идеи и за истата […]
Шампионот, екипата на Струмица Никоб, го продолжи победоносниот од на почетокот на вториот дел од првенството. Денеска во Струмица со 3:0 во сетови (25:7, 25:16 и 25:15) ја победија екипата на Работнички од Скопје и во голем стил продолжуваат понатаму без ниту еден изгубен сет во годинашното првенство.
-Нашите вредни земјоделци заслужуваат пристојни патишта до земјоделските површини.Во соработка со Центарот за развој на Југоисточен плански регион и финансиска поддршка од Министерство за земјоделство, се тампонира полски пат од населбата Софилар во Струмица до атарот на селото Ангелци во општина Василево во должина од 1.850 метри, објави струмичкиот градоначалник.. Го слушаме гласот на граѓаните, […]
Поранешниот македонски селектор Јорданчо Давитков е нов тренер на кошаркарскиот клуб Струмица. Искусното име на клупата треба да помогне на Струмица во битката за опстанок во првата лига. Давитков има огромно искуство, во Македонија работеше во Никол Ферт, Поло Трејд, Балкан, Неметали Огражден, Работнички, Струмица и беше селектор на националниот тим. Исто така тој работеше […]
-Убаво е чувството кога си градоначалник на Општина со големи потенцијали во повеќе области, но и препозната силна волја за нивно максимално искористување.Со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, денеска разговаравме за туристичките потенцијали на нашата Струмица, објави градоначалникот Костадин Костадинов. -Струмица е позната културно историска туристичка дестинација, којашто сериозно […]
-Почитувани,Во предизборието се договоривме и си ветивме дека како Ваш пратеник секогаш ќе бидам достапна за разговор и средба со сите заинтересирани лица и здруженија, со цел нови предлози за законски измени, иницијативи, јавни расправи и решавање на разни останати локални и индивидуални проблеми, објави пратеничката Љубица Спасова. – За таа цел отворивме канцеларија на […]
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила, на обврската дека заклучно со 12.02.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката „МК“ со ознаката „NMK“. Имено, согласно член 27 став (1) алинеја 5 од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/08; 53/11; 123/12; 70/13; […]
На 31.01.2023 во 15:00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода М.П.(42) од Гевгелија. При преглед на патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден амфетамин, соопштија денеска од СВР Струмица. Истиот ден во 17.45 часот, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода и […]
Врз основаната потреба од постоење на единица за соодветен третман на бездомни кучиња во Струмица и нејзината околина, како резултат на решителноста на општинската администрација и градоначалникот на Општината, денес со работа започнува современиот стационар “Лана“, соопштија од Општина Струмица. Основна цел на постоењето на Јавното претпријатие за заловување бездомни кучиња “Стационар Лана – Струмица“ […]