Костадинов и заменик градоначалникот Паликарова во посета на Чешка

-Денеска заедно со советничката и заменик градоначалник на Струмица, Елена Паликарова, заедно со други колеги градоначалници го посетивме јавното претпријатие за градски транспорт во Храдце Кралове во Чешка, објави Костадинов. -Дискутиравме за менаџирањето со јавниот превоз, бенефитите од електричниот градски превоз.Како градоначалник силно ќе се залагам да Струмица биде прва општина во државата со целосно […]

Гевгеличанец заработи кривична пријава за разбојништво

Одделението за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Т.А.(38) од Гевгелија поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот закон. На 6 ноември во аптека лоцирана на ул.„Слободан Митров Данко“ во Гевгелија со закана кон вработената одзел пари од дневниот промет. На 8 овој месец […]

Граѓаните од Муртино, Банско и Габрово даваа предлози за проекти

Нови предлог проекти во општинските програми за новата буџетска година синоќа дадоа жителите од населените места Муртино, Банско и Габрово на средбите со општинската администрација и претставници на јавните претпријатија. Јавните собири вечер продолжуваат во Свидовица, Куклиш и Костурино. Собирите почнаа на 7, а завршуваат на 18 ноември.

Украдени пари од црквата во село Марвинци

Вчера во ОВР Валандово било пријавено дека ноќта помеѓу 13 и 14 ноември со употреба на сила и погоден алат било влезено во црквата „Св.Петка“ во село Марвинци и биле одземени пари од кабината за продажба на свеќи, соопштија денеска од СВР Струмица. Бил извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски билтен: три физички напади во Струмица и Радовиш

На 13.11.2022 година во 09:30 часот во Полициската станица Струмица, В.И.(52) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 09.00 часот во село Баница, Г.И. од истото село физички ги нападнал пријавителот и неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 13.11.2022 година во 20:00 часот во Полициската станица Радовиш, Н.М.(33) од село Ораовица, […]

По 15 години Струмичкиот театар „Антон Панов“ повторно на МОТ

Во безмалку полувековното постоење на „Млад отворен театар“ (МОТ), еден од најстарите и најреномираните театарски фестивали во регионот, претставата на Струмичкиот театар „Антон Панов“ „Циркус Пирандело“ е селектирана во официјалната програма на овој фестивал. Во рамките на 47-то издание на МОТ, кој се одржува од 10 до 19 ноември, во конкуренција на 25 претстави од […]

„Голф“ излетал на патот во Стојаково, тројца повредени

Денеска во 04:00 часот било пријавено дека во село Стојаково, Општина Богданци, Б.П.(18) од Богданци, управувајќи патничко возило „голф“ со гевгелиски  регистарски ознаки,  изгубил контрола и излетал надвор од патот, соопштија од СВР Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.П.(18) од Кавадарци, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот […]

Ковачевски: Со членство во ЕУ го исполнуваме аманетот на нашите

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечева на трибината која се одржа во Струмица потсети дека после 17 години минати во чекалницата, конечно започнавме преговори со ЕУ, соопштија од владеачката партија. -Како Македонци со признат македонски идентитет, ги водиме преговорите за членство во ЕУ на официјален македонски јазик без никакви дополнителни фусноти и додавки.Можеме со чист […]

Цветков: СДСМ продолжува по трасираната делница која води кон сигурна

-Во името на СДСМ, собрани сме вечерва овде за јасно и гласно во бастионот на СДСМ, да им кажеме на сите: „Силно и одлучно кон иднината“ и тоа а важи за сите, само не важи за Христијан Мицкоски и неговите пулени кои од иднината бегаат, а за нив единствено мото би било: „силно и одлучно кон минатото“, […]

Костадинов: СДСМ реализира важни капитални проекти во Струмица и обезбедува

-Локалната и централна власт предводени од СДСМ на дело покажуваат што знали вистинска грижа за општините, за граѓаните и државата, порача вечерва членот на Извршниот одбор и градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов во своето обраќање на трибината „Силно и одлучно кон иднината“. -Симбиозата помеѓу Општина Струмица и централната власт функционира и дава резултат, таквата соработка […]