Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02) и член 39 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на општина Струмица“ бр. 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10,1/15, 8/18, 16/19 и 29/19), Градоначалникот на Општина Струмица објавува:ЈАВЕН ПОВИКза дотација за тренери во спортските клубовиСо овој Јавен Повик […]
На 03.08.2022 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на место викано „Црвен брег“ помеѓу село Старо Коњарево, струмичко и граничен појас со Република Бугарија настанал пожар во стар помошен објект сопственост на С.С. од село Старо Коњарево, како и насади со овошки и сува трева. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот […]
Општина Струмица денеска со пригодна свеченост пред споменикот на Гоце Делчев на истоимениот плоштад ги одбележа Двата Илиндена. Цвеќе пред споменикот положија претставници на Советот на Општината, на Општинскиот одбор на Сојузот на борците и нивните следбеници, на политичките партии и локални институции. За значењето на празникот зборуваше Елена Маѓеровска Паликарова, член на Советот на […]
Двата Илиндена се штембилот и печатот на документот на нашето постоење. Првиот Иинден е срцето, а вториот – душата на македонскиот организам. Такви биле, такви се, такви и ќе останат за век и векови, по заслуга на Илинденците и Асномците. Нека ни се честити двата Илиндена.Нека ни е вековит Денот на Републиката.
Борецот Јован Величковски, еден од најстарите и преживеани борци од НОВ денеска, по повод Илинден, е одликуван со медал за храброст од претседателот Стево Пендаровски. Медалот на Величковски му го врачи претседателот на свеченоста која се организираше по повод 2 Август, Илинден. Освен на Величковски, со Орден на Република Северна Македонија е одликуван постхумно Крсте […]
Вчера во 19.25 часот во ОВР Валандово било пријавено дека во подрумски простории во зграда во изградба на ул.„Маршал Тито“ во Валандово бил пронајден починат Д.М.(37) од Валандово, соопштија денеска од СВР Струмица. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Увид на местото извршила […]
Синоќа околу 23:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат од село Зубово кон село Ново Село, струмичко, А.П.(21) од село Зубово, управувајќи мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на […]
На 31.07.2022 на подрачјето на СВР Струмица полициски службеници извршиле контрола во угостителски објекти, при што во еден од нив е констатирано присуство на малолетници после полноќ, како и кривично дело „точење алкохолни пијалаци на малолетници”, казниво по член 204 од Кривичниот законик, соопштија од МВР. Против прекршителите, правното, одговорното и вработеното лице ќе бидат […]
Вечерва во 20:00 часот во Амфитеатар/ градскиот парк ќе се одржи Концерт на фолклорна низа „Во ритамот на традицијата“.Шестиот тиот ден од Струмица Опен Фестивал е резервиран за македонската фолкорна традиција и богатство. Вечерашниот настан е за сите љубители и негувачи на македонското фолклорно богатство. Во ритамот со традицијата „Фолклорна Низа“ ќе се претстави на […]
Безбедноста во сообраќајот е битен сегмент во работењето на Секторот за внатрешни работи Струмица, а со тоа и на Одделението за внатрешни работи Радовиш. Како резултат на низата преземени превентивни мерки и активности во 2021 година на подрачјето на СВР Струмица евидентирано е намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи за 50% споредбено со […]