fbpx

Концерт на фолклорна низа „Во ритамот на традицијата“ на СОФ 2022

 Концерт на фолклорна низа „Во ритамот на традицијата“ на СОФ 2022

Вечерва во 20:00 часот во Амфитеатар/ градскиот парк ќе се одржи Концерт на фолклорна низа „Во ритамот на традицијата“.Шестиот тиот ден од Струмица Опен Фестивал е резервиран за македонската фолкорна традиција и богатство.

Вечерашниот настан е за сите љубители и негувачи на македонското фолклорно богатство. Во ритамот со традицијата  „Фолклорна Низа“ ќе се претстави на СОФ 2022 со повеќе кореографии од богатиот македонскиот фолклор.

Фолклорната традиција го носи во себе идентитетот на нашиот човек. Во фолклорот живеат нашите предци, кои тврдоглаво и гордо го зачувале низ вековите во различни премрежја од македонската историја, за денес преку него да го славиме времето што одамна поминало, но оставило белег исткаен во фолкорот и се пренесува од колено на колено.

Програмата ќе ја збогатат гостите „Сушевски бисери“ од Сушево и КУД „Гоце Делчев“ од Босилово изведувајќи два сплета македонски ора. 

Share via
Copy link