Зоран Заев и неговиот брат Вице регистрираа Фондација Заев –

Поранешниот премеиер Зоран Заев и неговиот брат, познатиот бизнисмен Вице Заев, денеска ја основаа Фондацијата Заев – Едно општество за сите. Директор на фондацијата е Зоран Заев. Фондацијата ќе врши дејности и активности за унапредување, поддршка и развој на општеството, јавното здравје, едукацијата на млади, заштита на животната средина, спортот, културата, уметноста и деловната заедница […]

Пуштена во употреба новата спортска сала во училиштето во Муртино

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денеска ја пуштија во употреба новата спортска сала во училиштето „Маршал Тито“ во Муртино. -Изградена по најсовремени стандарди на површина од 650 метри квадратни, салата обезбедува квалитетни услови за реализација на часовите по физичко образование и тоа не само за учениците од […]

Градоначалникот Костадинов на средба со претставници на „НОВУС“

-Денеска ја отворивме вратата за Центарот за истражување и анализи НОВУС за реализација на проект „Заштита од корупција“ како соработници на Центарот за граѓански комуникации со кој Општина Струмица склучи меморандум за соработка, објави градоначалникот Костадинов. -Претседателот на НОВУС, Ѓорги Милушев, ме информираше за реализацијата на проектот кој опфаќа мониторинг на процесите за јавни набавки […]

Општина Струмица и „Комуналец“ донираа специјално возило за собирање смет

-Речено – одлучено – сторено. Тоа би било резимето од денешниот чин на доделување возило за смет за потребите на Општина Босилово од страна на ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Откако Управниот одбор на „Комуналец“ донесе одлука, со донација на специјално возило за смет, да и се помогне на […]

Полициски билтен:еден повреден во сообраќајка, кражба, физички напад и пресметка

На 05.06.2022 година во 13.10 часот на автопатот А-1, во правец од село Прдејци, гевгелиско, кон бензинска пумпа кај надвозник за оранжерии Негорци, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило кое го напуштило местото на несреќата, патничко возило „фолксваген голф“, со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од М.Ќ. (30) од село Прдејци, патничко возило „форд фиеста“, […]

„Иловица – Штука“ ќе отвори нови 3200 работни позиции за

(Комерцијална ПР објава) Предрасуди и Стереотипи: Менаџментот на Еуромакс манипулира кога вели дека се обврзува за приоритетно вработување на локално население… во Струмичкиот и под Огражденскиот регион нема традиција за ,,квалитетни рудари”. ВИСТИНА: Прво, сите заедно мора да вложиме малку позитивна енергија и искрено да се обидеме да ги раскршиме вкоравените предрасуди и одамна застарената […]

Матурантката Ана Марија Јованова денес е градоначалник на Струмица

-Никогаш не сум кажал дека се знам и дека моите идеи се најдобри.Но, сум кажал дека мојот кабинет секогаш ќе биде отворен за сите граѓани, за нивните предлози и сугестии за подобра Струмица.Првото доброутро и добредојде во мојот кабинет и го посакав на Ана Марија Јованова, 18-годишна млада девојка која штотуку го заврши средното образование […]

Полициски билтен:со тупаници расчистувале сообраќајни недоразбирања

На 04.06.2022 во 09.00 часот И.И.(20) од с.Подареш-радовишко пријавил дека во Струмица по претходно недоразбирање околу сообраќај бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот. На 04.06.2022 во 16.45 часот Л.К.(68) од Струмица пријавил дека во Струмица бил физички нападнат од Д.А. Се работи на расчистување на случајот. На 04.06.2022 во […]

Две лица повредени во сообраќајка на кружниот тек на излезот

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила во 19:10 часот на кружниот тек на излезот од градот во правец кон Радовиш. Според информациите од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале две патнички возила, а повредените-возачот и совозачот од едниот автомобил се пренесени на лекување во Медицинскиот центар во Струмица. […]

Прскање против комарци во Југоистокот ќе започне на 14 јуни

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните од Југоисточниот регион дека тендерската постапка за избирање економски оператор кој ќе изврши прскање против комарци на територијата на Југоисточниот плански регион е веќе завршена и прскањето ќе започне на 14 овој месец. Воедно, се известуваат граѓаните дека поради техничките проблеми и нефункционирањето на системот […]