Изгаснат пожар кај Василево-гореле стари гуми, сува трева и трска

Денеска во 16:30 часот во атарот на село Василево, во непосредна близина на Нипром, ТППЕ Струмица со 5 против пожарни возила и 10 пожарникари – спасители интервенираше на гаснење на запалени стари гуми, сува трева и трски, информираа струмичките пожарникари. Благодарение на брзата интервенција спречено е да се зафатат соседните објекти.

Двајца повредени по излетување на автомобил кај Јосифово

На 12.03.2022 во 06.50 часот било пријавено дека на регионален пат кај село Јосифово, валандовско, патничко возило „пежо“, со струмички регистарски ознаки, управувано од И.К.(31) од село Раброво, валандовско, излетало надвор од коловозот, информираа од МВР. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.М.(32) од Валандово, а со телесни повреди се здобил сопатникот […]

Бензините се намалуваат за 6,50 денари, а дизелот за 9

Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 6,45% во однос на одлуката од 10.03.2022 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 6,50 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 9,00 денари/литар.Малопродажната цена на Мазутот М-1 […]

Градоначалникот на Василево во посета на општина Кресна, Бугарија

-Во рамки на работната посета на Република Бугарија, остварив средба со градоначалникот на општина Кресна, Николај Георгиев. На средбата беше разговарано за актуелни теми, како и за продлабочување на соработката помеѓу двете општини. Беше разговарано и за размена на искуства во областа на образованието, објави градоначалникот на Василево, Славе Андонов.

Еден починат, 9 нови и 5 оздравени од Ковид-19 во

Bо последните 24 часа направени се 2.182 тестови, а регистрирани се 302 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 158• Прилеп – 22• Велес – 20• Битола – 17• Куманово и Кавадарци – по 11• Охрид – 10• Струмица – 9• Ресен – 8• Кочани и Кичево – по 5• Штип и Неготино – по […]

Владата го ограничи извозот на одделни житарици, брашно, сончоглед и

Владата на Република Северна Македонија на својата 26-та седница донесе Одлука за ограничување на извозот на одделни стоки. Според оваа одлука се ограничува извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед. Владата на Северна Македонија одлуката за ограничување на извозот на […]

„Комуналец“ почна со пролетно чистење на дивите депонии пред населените

ЈПКД „ Комуналец“ во соработка со Општина Струмица започнува со акција за пролетно чистење на дивите депонии пред населените места. -Почнуваме на влезот во Просениково а ќе чистиме и заедно со поддршка од сите разумни и добронамерни граѓани, ќе ја менуваме свеста за да имаме чиста Струмица и чисти села. Мора да ја подигнеме свеста […]

Физички напад на плоштадот во Струмица

Вчера во 20:30 часот во Полициската станица Струмица К.А. (18) од Струмица, пријавил дека на 08.03.2022 година околу 19:00 часот на плоштадот во Струмица бил физички нападнат од П.В. и уште две лица, информираа денеска од СВР Струмица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Завршија годинашните карневалски празнувања

-Со денешниот Тримерски ручек завршија карневалските свечености во нашиот град. Прекрасно беше чувството да се биде сведок на негувањето на традицијата, да се вкусат посните јадења од богатата трпеза и да се ужива во убавите наменски песни на „Распеаните струмичани“, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Од денеска и клучот од градот повторно е во […]

Струмица по подолго време без нов случај на Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 2.557 тестови, а регистрирани се 340 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 198• Велес – 21• Куманово – 17• Прилеп – 16• Битола – 14• Кавадарци – 13• Тетово – 10• Гостивар и Ресен – по 8• Гевгелија – 7• Кичево и Радовиш – по 5• Кочани – […]