Јаневски:Потврдени заедничките заложби со Владата за подобрување на спортската инфраструктура

На денешната средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски и советникот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ѓорги Тасев, разговаравме за актуелната состојба со спортската инфраструктура и ги потврдивме заедничките заложби за нејзино подобрување и поголема функционалност, објави на фејсбук градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски. На средбата го потврдив […]

Се запали автомобил на патот Струмица-Берово

Денеска во 12:58 часот на регионалниот пат Струмица – Берово, во близина на планинскиот превој Палазлија, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 4 пожарникари спасители учествуваше во гаснење на запалено патничко возило, информираа попладнево струмичките пожарникари. Пожарот првично бил локализиран од страна на сопствениците за да целосно биде ликвидиран со пристигнување на ПП возилото […]

Продолжува црниот ковид биланс во Струмица

Во Струмица се регистрирани 27 нови случаи, еден починат и 17 оздравени во последните 24 часа. Во последните 24 часа се направени 4.277 тестирања, а регистрирани се 1.422 нови случаи на КОВИД-19 во: -Скопје 618 -Куманово 94 -Прилеп 89 -Велес 76 -Тетово 63 -Гостивар 54 -Кавадарци 53 -Битола 50 -Штип 39 -Гевгелија 38 -Охрид 33 […]

Црн ковид биланс:тројца починати и 36 нови случаи во Струмица

Во последните 24 часа се направени 3.897 тестирања, а регистрирани се 1.264 нови случаи на КОВИД-19 во: -Скопје 585 -Прилеп 60 -Битола 59 -Штип 58 -Куманово и Велес по 56 -Кавадарци 42 –Струмица 36-Тетово и Охрид по 35 -Гостивар 31 -Гевгелија 28 -Кочани 22 -Свети Николе 21 -Неготино 17-Кичево, Берово и Пробиштип по 13 -Ресен […]

Полициски билтен: Физички напад, казни за пешаци и неносење заштитни

На 24.03.2021 година во Полициска станица Струмица, Ќ.И.(30) од Струмица пријавил дека околу 21.00 часот, пред објект за забавни игри на улица „5-ти Ноември“ во Струмица, бил физички нападнат од М.Н. и Џ.Н. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 24.03.2021 во периодот од 07.00 до 13.00 часот на подрачјето на Секторот за […]

Изгаснат пожар во училишен двор во Ново Село покрај цистерна

Вчера околу 16:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека во двор на училиште во село Ново Село, струмичко, каде била поставена цистерна за гориво, која се користи за затоплување, настанал пожар, информираа денеска од МВР. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица Струмица. Повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа и инспектор од […]

В недела Еко акција „Чисти ридови за сите“

На иницијатива на повеќе граѓански организации од областа на спортот и заштитата на животната средина, ќе се спроведе Еко акција „Чисти ридови за сите“, а поддржана од Делегацијата на Европската Унија во државата и Општина Струмица. Еколошката акција ќе се одржи на 28.03.2021 година (недела) во периодот од 10:30 до 14:00 часот на две локации: […]

Во Струмица 25 новодијагностицирани и 10 оздравени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 4.096 тестирања, а регистрирани се 1347 нови случаи на КОВИД-19 во: -Скопје 643 -Куманово 90-Прилеп 85 -Велес 61 -Охрид 56 -Битола 50 -Кавадарци 47 -Тетово 40 -Гостивар 35 -Гевгелија 34 -Штип 30 –Струмица 25 -Неготино 19 -Кочани 15 -Кичево 13 -Радовиш 12 -Пробиштип 8 -Струга, Крива Паланка, Ресен, Делчево, […]

Црвен крст Струмица: Почна обуката за помош и нега на

Денеска во просториите на Црвен крст Струмица почна обуката за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, финансирана од Светска банка преку Министерство за труд и социјална политика. Обуката е дел од проектот за подобрување на социјалните услуги во општините Ново Село и Василево. Вклучени се вкупно 14 кандидати од овие две […]

Едно лице пронајдено без свест во пожар во куќа во

Денеска во 07:11 часот во село Добрејци, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 5 пожарникари спасители учествуваше во гаснење на запалена куќа. При пребарување на вториот кат во една од просториите е најдено лице паднато во бесознание поради густиот чад. Лицето е извлечено и е извршена реанимација по што е предадено на екипа […]