По пауза од пет месеци предизвикана од епидемијата со ковид-19,Општината Богданци во соработка со УНДП, продолжува со активностите за организирање на форумите на заедницата. До март, на самиот почеток од проектот, беа организирани една сесија од форумот и една работилница, на која се развиваа предложените концепт проекти. За 6 август е закажана втората сесија, која […]
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 02 Aвгуст (недела), Ден на Републиката, односно 03 август (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на Републиката.
Бојан Димоски потпиша за Академија Пандев. Талентираниот 18-годишен фудбалер ја прифати понуда на „пандевци“ и се приклучи на сениорскиот состав. Димоски доаѓа од тимот на Вардар и игра на позициите последен играч за врска како и на левата бековска позиција. Бојан е стандарден во младинските селекции на Македонија, а моментално е член на селекцијата У-19. […]
Владата на Република Северна Македонија денеска го објави списокот на фирми кои зеле државна помош за исплата на плати за мај и јуни заради намалување на последиците од корона кризата, а не ги уплатиле на сметките на работниците. На списокот што го објави Владата може да се види од кои општини се компаниите и кој сектор го […]
Во последните 24 часа се направени 1325 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 35-Куманово 15-Штип 17-Прилеп 3-Тетово 4-Струга 3-Велес 3-Битола 8-Охрид 3-Кавадарци 2-Гостивар 8-Крива Паланка 1-Кочани 1-Демир Хисар 5-Берово 1-Свети Николе 1-Кичево 8-Ресен 1 Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје и пациент од Гостивар. Денеска Институтот за јавно […]
Од денес, а и во текот на наредните денови волонтерите на Црвен крст-Струмица почнаа со доделување на хуманитарна помош до најранливите категории на граѓани во овој период на криза поради Корона вирусот, а истата е донација од USAID. Помошта се состои од еден пакет со храна и еден пакет со хигиенски производи, а се опфатени […]
Марјан Урдов, коректорот на актуелниот одбојкарски шампион ЏИО Струмица стави потпис и го продолжи договорот на уште една година! И покрај неколкуте примамливи понуди од странство, минатогодишниот капитен не можеше да одолее на европскиот проект на одбојкарскиот клуб ЏИО-Струмица за наредната сезона.
Горазд Лиговски од село Митрашинци, Берово, е 7 годишно детенце кое во неделата попладне на ден 26 јули 2020 година во сообраќајна несреќа беше тешко повредено на дел од горниот екстремитет при што во моментот со ампутирана рака се наоѓа во болница Аџибадем Систина. Трошоците за лекување и рехабилитација на Горазд се околу 500.000 денари, […]
Денес и утре максималната температура во Струмичкиот регион ќе достигне пеколни 38, односно 39 степени. Според прогнозата на сајтот foreca.com, топлото време ќе продолжи и во наредните денови, кога се очекува минимално намалување на температурите. Повеќе на следниот линк:https://www.foreca.com/100785380/Strumica-North%20Macedonia/10-day-forecast
Денес во раните утрински часови екипите на ТППЕ Струмица успеаја да го изгаснат пожарот што вчера избувна во атарот на населеното место Едрениково и набрзо се прошири кон соседното Владевци и регионалниот пат Струмица-Радовиш, опожарувајќи го целиот простор. Гореше сувата трева и нискостеблестата шума што се најде на патот на огнените јазици. Доцна синоќа преку […]