По скоро петчасовна борба со големиот пожар, кој избувна попладнево над селото Едрениково, пожарникарите успееја да го стават под контрола, информира командирот на ТППЕ -Струмица, Александар Гудев. Шест против пожарни возила и 25 пожарникари учествуваа во гаснењето на пожарот, кој избувна околу 18 часот и е зафатена голема површина над селото Едрениково. Успеавме да го […]
Во последните 24 часа се направени 1971 тестирања, а регистрирани се 188 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 44-Куманово 21-Дебар 1-Штип 18-Тетово 24-Струга 21-Велес 1-Битола 5-Охрид 6-Кавадарци 3-Гостивар 23-Крива Паланка 1-Кочани 1-Пробиштип 2-Демир Хисар 1-Македонски Брод 3-Кичево 10-Ресен 1-Неготино 2 Починати се 5 лица, пациентка од Скопје, пациент од Битола, пациентка од Куманово, двајца пациенти […]
На иницијатива на кошаркарскиот клуб Струмица, кој се натпреварува во втората кошаркарска лига, се уредува и модернизира кошаркарското игралиште во ООУ ,,Сандо Масев”. Тие во соработка со ЈПКД Комуналец ги заменија кошаркарските табли, а се обележа и теренот кој е со бетонска подлога во дворот на школото.
На денешната седница на Советот на општина Струмица која се одржа со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19, беа усвоени повеќе предлог одлуки и планови од надлежност на локалната власт. Донесени се Одлуките за донесување на измена и дополна на ДУП за дел од блок 36, УЕ 5 во град Струмица (Општина Струмица – […]
Димитар Џорлев, ученик во средното училиште „Јане Сандански“ од Струмица ја освои наградата „Златна почест“ на Меѓународниот натпревар за астрономија и астрофизика, пренесува fakulteti.mk Во голема конкуренција на ученици од 80 држави, Џорлев го доби признанието што го добија само 2 отсто од учесниците. Тој ја освои и Националната награда за најдобар учесник од Македонија. Џорлев ја […]
Д-р Жарко Караџовски во изјава за ТВ21 околу тоа што ќе се случува во следните месеци со коронавирусот зборува за две сценарија – „едното е црно и најтешко, a другото малку розово“. – Дека вирусот ќе исчезне во текот на летото беше една тешка шпекулација. Затоа имавме многу опуштање, граѓаните мислеа дека готово ќе помине, […]
Како што пренесува спортскиот портал Спорт Медија, Бојан Димоски, 18-годишниот фудбалер ќе биде нов член на Академија Пандев. Станува збор за играч кој може да игра на неколку позиции, а негова главна е дефанзивниот дел од средниот ред, односно како последен играч за врска, но може да игра и како бек. Димоски од младинските категории […]
Никола Ѓоргиев денеска ја имаше и својата официјална промоција во новиот клуб Инегол Беледиеспор, со кој македонскиот репрезентативец потпиша едногодишен договор. Тој ја мина ланската сезона во германскиот прволигаш Фридрихсхафен, а трансферот во Инегол претставува камбек на Ѓоргиев во турската одбојка, каде во периодот од 2011 до 2014 година со успех го носеше дресот на […]
Трајче Аљоков, Коста Поп Иванов и Бобан Јовановски, членови на ЗСР „Шампион 2005“ од Струмица, го освоија екипно второто место на Крапскиот куп натпревар што се одржа викендов на езерото Трсино, кај Виница со вкупен улов од 74 килограми. Натпреварот во органираше Здружението „Крап“ од Виница, а во конкуренција на десет тим крап екипи струмичките […]
Општина Струмица информираше дека почна со дополнително уредување на просторот околу Габровските водопади, со проширување на патеката до третиот водопад во должина од 740 метри и со ширина од 1,5 метри во карпестиот дел и покривање со камен. – Патеката ќе биде оградена, ќе има два моста и платформа на третиот водопад, а ќе се […]