Во општина Струмица до 13 часот на гласање излегле 28,8 отсто од вкупно запишани 49.341 избирачи во Избирачкиот список. Во Радовиш до 13 часот гласале 21 отсто, во Конче има излезност од 14,3 проценти, во Босилово до 13 часот излегле 17,9 отсто, а во во Василево 20 проценти.Во Ново Село на гласање излегле 20,40 проценти. […]
Денеска во Основното јавно обвинителство Струмица е доставено известување за лице кое на бензиска станица во сeло Василево, нудел ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија. Обвинителството издаде наредби за обезбедување на видео камери, видео записи и преземање дејствија во насока на утврдување на фактите. Во струмичкото обвинителство примени се известувања […]
Како што соопштуваат од Канцеларијата на Народниот правобранител, отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Освен на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се […]
Во првите два часа од гласањето на десеттите по рад парламентарни избори на гласање излегле 5,19 отсто од запишаните гласачи во Избирачкиот список односно 94.167 гласачи. Државната изборна комисија соопшти дека одѕивот до девет часот е од 2326 избирачки места. Најголем одѕив имало во Кривогаштани каде на гласање излегле 13,1 % од гласачите, а најмал […]
Градоначалникот на Василево, Марјан Јанев попладнево на неговата официјална фејсбук страница реагираше на информациите објавени во одредени медиуми дека му е одреден притвор заради изборен поткуп „Последните денови, против мене како Градоначалник, но и како човек, со лажни вести од одредени структури се врши своевиден атак врз мојата личност.Очигледно е дека целта на овој континуиран […]
СВР-Струмица попладнево достави демант до медиумите откако во некои портали беше објавена вест дека на градоначалникот на Василево, Марјан Јанев му е изречена мерка притвор заради изборен поткуп. Во соопштението стои. „Во однос на изнесените вести на одредени веб портали дека е определена мерка притвор за лицето М.Ј. и за уште едно лице од општина […]
Граѓаните кои немаат поголеми примања од 15 илјади денари месечно ќе може да ги искористат средствата во висина од 6.000 денари за летување или зимување во земјава во периодот до 15 декември. Според податоците на надлежните условите за оваа мерка ги исполнуваат 117.122 граѓани. Дестинацијата на која ќе може да летуваат или зимуваат ќе може […]
Во последните 24 часа се направени 1259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на ковид-19. – Скопје 76– Куманово 6– Дебар 2– Штип 6– Прилеп 1– Тетово 13– Струга 7– Битола 3– Охрид 1– Кавадарци 1– Гостивар 10– Гевгелија 1– Македонски Брод 1– Кратово 1– Свети Николе 2– Кичево 3– Ресен 1 Починати се […]
Општина Струмица денеска ја одбележа 76-годишнината од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето. Во негова чест пред спомениците во големиот и малиот градски парк, свежо цвеќе положија претставници на Општина Струмица, членови на семејството, Општинскиот одбор на Сојузот на борците, институции и политички партии.