ДИК се корегираше, пресмета дополнителни 1.416 гласачи, и плус 98

Државната изборна комисија попладнево донесе заклучок за исправка на технички грешки. Поточно информираат дека се вршат исправки на техничките грешки при објавувањето на бројките од четвртокот доцна попладне по завршувањето на предвремените парламентарни избори. Според новите бројки, зголемен е бројот на граѓани кои гласале и бројот на неважечки ливчиња. Па така, сега соопштија дека всушност […]

Рекордни 241 нови случаи на ковид-19, четворица нови во Струмица

Во последните 24 часа се направени 1700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на ковид-19. – Скопје 73– Куманово 10– Дебар 1– Штип 60– Прилеп 5– Тетово 32– Струга 3– Велес 1– Битола 3– Охрид 2– Гостивар 14– Гевгелија 6– Струмица 4– Крива Паланка 3– Радовиш 3– Крушево 1– Кочани 8– Пробиштип 1– Демир […]

Тројца повредени во сообраќајка на патот Конче-Радовиш

Вчера десет минути по полноќ на регионалниот пат Конче – Радовиш, во атар на село Ракитец, во близина на крстосница „Лакавица“, патничко возило „ауди А6“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од З.С.(35) од с.Конче, Радовишко, изгубило контрола, излетало од патот и удрило во дрво. Во незгодата, возачот З.С. и сопатниците Б.Р.(22) и И.М.(34), двајцата од […]

Официјално: Дориев нов играч на Шкендија

Македонскиот репрезентативец Љупчо Дориев е големото засилување на Шкендија за новата сезона. Тој треба да биде од голема помош во новото првенство во Првата лига, но и за настапот во квалификациите од Лигата на Европа.  Дориев потпиша тригодишен договор со тетовскиот клуб, а доаѓа од редовите на Академија Пандев. „Првпат во кариерата правам ваков голем […]

Даскаловски: Им благодарам на сите кои ни ја дадоа довербата

Интегрален текст од прес конференцијата на Марјан Даскаловски, претседател на ОО СДСМ Струмица Струмица уште еднаш докажа и покажа дека МОЖЕ-може и знае да победува, знае да го чува слободарскиот и демократски дух и затоа е на правиот пат-патот на слободата, демократијата, прогресот, правдата, членството во НАТО и ЕУ и пред се, докажа дека беше […]

Србин фатен како превезува мигранти

Синоќа околу 23:15 часот на регионален пат село Давидово – Гевгелија, полициски службеници запреле патничко возило „цитроен“ со српски национални ознаки, управувано од С.С.(35) од Врање, Република Србија. При преглед во возилото биле пронајдени 12 мигранти од Сирија. Возачот С.С. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и […]

(Видео): Струмичанката Илина Врешкова ја освојува естрадата со дебитантска песна

Младата струмичанка Илина Врешкова со дебитантската песна „Не тугуј љубави“ тргнува во поход на освојување на музичката естрада. Музиката и текстот се на Димитар Симов и Зоки Зоц, аранжманот и миксот ги потпишува Дејан Стојановиќ, позадински вокал е Марија Ѓоргиевска, додека режисер на спотот е Алек Тасевски.

Второ прскање против комарци по земјен пат во Југоистокот

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува сите граѓани од Југоисточниот плански регион дека второто прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 22 и 23 Јули 2020 година, со следниот распоред: 1.   На 22.07.2020 година (среда), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Струмица и Василево и 2. На […]

Пожарникарите гаснеа предавател кај Колешино

Попладне во 18:35 часот во атарот на село Колешино, Територијалната против пожарна единица на Струмица со две против пожарни возила и пет пожарникари интервенираше на гаснење на телекомуникациски предавател, запалена сува трева и отпаден материјал. Пожарот е локализиран и ликвидиран околу 21:00 часот. Фото: Пожарникари-Струмица

Струмичанец криел кокаин во штоп-светло на неговиот автомобил

Скопското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против жител на струмичкото село Костурино​ за кого постои сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Осомничениот во својот автомобил во левото задно штоп-светло скрил кокаин со тежина од 10,31 грам, спакуван во три полиетиленски пакувања. Дрогата била пронајдена вчера […]