fbpx

Борче Постолов е поставен за координатор на младинската школа на Академија Пандев

 Борче Постолов е поставен за координатор на младинската школа на Академија Пандев

Борче Постолов е поставен за координатор на младинската школа на Академија Пандев, соопштија денеска од клубот.

-Иако изминатите месец дена беа динамични со промените во сениорскиот тим, сепак паралелно се работи и на подигање на квалитетот на младинската школа на уште поголемо ниво. За таа цел во наредниот период организацијата во младинската школа ќе ја има Борче Постолов, кој во изминатите 10 години со фудбалската школа Академија Постолов-Пандев која е филијала на Академија Пандев во Штип, постигна одлични резултати, објавија „пандевци“ на својата фејсбук страница.

Share via
Copy link