fbpx

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод патрониот празник на градежниците

 Честитка од градоначалникот Костадинов по повод патрониот празник на градежниците

Почитувани градежници – неимари,

Денес кога христијанскиот свет го слави името на еден од Дванаесетте големи апостоли – Свети апостол Тома, Вие останувате верни на убавата еснафска традиција да го одбележувате празникот на Вашиот патрон.

Денешниот традиционален собир кој по 31 пат го организирате во манастирскиот храм Воведение на Пресвета Богородица Елеуса во Вељуса е уште еден доказ за посветеноста и неизмерната љубов кон својата професија. Бидете горди на она што го работите и на фактот дека токму Вие сте најголемите двигатели на локалниот економски развој на општина Струмица.Ви благодарам што постоите. Бидете живи, здрави и секогаш успешни.

Нека Ви е честит и вековит Денот на неимарите и негувањето на споменот на Свети апостол Тома.

Share via
Copy link