Утре во Струмица панел дискусија за добивање на месечен надоместок за родител на лице со попреченост
Честитка од градоначалникот Јаневски до македонските одбојкари
Градоначалникот на Струмица им го честиташе големиот успех на најдобрите македонски одбојкари-пласманот на Европското првенство.
-Честитки за македонската одбојкарска репрезентација за пласманот на Европското првенство.
Браво момци!
Вечерва на сите ни ги исполнивте срцата со радост, а ние струмичани сме уште порадосни бидејќи најголем дел од репрезентацијата ја сочинуваат одбојкари од Струмица.
Покажавте и докажавте дека кога се верува во сопствените сили, кога победата се посакува од срце, тогаш успесите доаѓаат.
Струмица е горда на својата одбојкарска традиција и во тоа име ви посакувам успех и во настапите на Европското првенство, напиша градоначалниккот Јаневски во честитката.