Со механизација и рачно се чистеше крајбрежието на Дојранско Езеро
Честитка од градоначалникот Костадинов за Водици
Драги мои сограѓани, возљубени чеда во Господа,
Со големо задоволство Ви испраќам уште една јануарска честитка, овојпат по повод денешниот празник Богојавление – Водици, еден од најголемите наши празници, впечатливо напишан во христијанскиот календар.
Денес го славиме денот кога Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, со што му се дава значење на крштевањето, како една од повеќето свети тајни на христијанството. Во тоа име, да и останеме верни на традицијата и достојно да го одбележиме овој празник, како последен од таканаречените „некрстени денови“.
Радувајте му се на големиот празник, затоа што крштевањето е духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата.
Нека Ви е честито и благословено празнувањето. Нека Ви е за многу години Богојавление – Водици.