fbpx

Црвен крст:Договорена заедничка вежба за симулација на сообраќајна несреќа

 Црвен крст:Договорена заедничка вежба за симулација на сообраќајна несреќа

Денеска во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица се одржа заедничка средба со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Отсекот за превенција при СВР Струмица, Полициската станица за безбедност на сообраќајот и Дирекцијата за заштита и спасување за подигнување на свеста за намалување на жртвите од сообраќајни несреќи.

На средбата е договорено на 20 март годинава да се одржи симулативна вежба на сообраќајна несреќа.

На вежбата е договорено да присуствуваат сите засегнати страни, а ќе бидат вклучени и ТППЕ Струмица, локалната самоуправа и други организации.

Share via
Copy link