fbpx

Седум села во Општина Босилово денес и утре без вода за пиење

 Седум села во Општина Босилово денес и утре без вода за пиење

Заради голем дефект на главниот цевковод, преку кој Општина Босилово се снабдува со вода, седум наслеени места денес и утре нема да имаат вода, соопштија од ЈПКД „Огражден“ од Босилово.

Според информациите екипи работат на отстранување на дефектот и се очекува во текот на утрешниот ден да биде отстранет дефектот и да се нормализира водоснабдувањето.

Инаку, без вода се селата Босилово,Радово, Робово, Еднокуќево, Секирник, Бориево и Турново.

Share via
Copy link