fbpx

ЦУК: еден полициски хеликоптер и авионот „ер трактор“ го гаснат пожарот кај Дојран и Богданци

 ЦУК: еден полициски хеликоптер и авионот „ер трактор“ го гаснат пожарот кај Дојран и Богданци

Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци е се уште активен, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Од 05:30 часот координирано дејствуваат силите на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Гевгелија, Доброволно противпожарно друштво Дојран, Комуналец Гевгелија, Комунално Дојран, Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница „Кожув“ Гевгелија, ТППЕ Кавадарци, ТППЕ Валандово, ДЗС – Валандово, МВР ПС Гевгелија и ТППЕ Струмица, за негово гаснење.

Заради зголемените дневни температури, интензитетот на пожарот и точките на горење се зголемија во средината на денот, заради што беше побарана, преку Центарот за управување со кризи (ЦУК), воздушна поддршка. Истата е обезбедена со еден хеликоптер од Министерство за внатрешни работи и дополнително со авионот „ер трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување, коишто веќе дејствуват по пожарот на терен. Ако со натамошниот развој на настаните се јави потреба од дополнителна воздушна поддршка, ЦУК ќе ја обезбеди, согласно барањата, од Армијата.

Share via
Copy link