Гевгеличанец се претставувал како полицаец, барал пари за повреден роднина од Кочани
ЦУК за пожарот на Беласица над селото Смоларе
Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарот на планината Беласица помеѓу село Смолари и село Мокрино беше локализиран. Во интервенцијата учествувале ТППЕ Струмица со 7 пожарникари и 2 против пожарни возила, и 2 од ПШС „Беласица“ Струмица. Но, сношти, во 22.30 часот пожарот се активирал повторно.
На лице место извршено е увид од страна на директорот на ЈП ПШС „Беласица“ и од МВР ПС Струмица, по што се побарало ПП возило од ТППЕ Струмица да дежура вечерва поради опасност кон викендица и манастирче. Пожарот бил на околу 200 метри од објект и според проценка на пожарникарите од ТППЕ Струмица немало опасност кон објекти или кон село. На лице место биле првите луѓе од Полицијата од Струмица и од ЈП ПШС „Беласица“ и 4 полицајци кои ке патролираат. Екипа од ТППЕ Струмица, со 1 против пожарно возило и 3 пожарникари и 1 против пожарно возило и 1 пожарникар од Ново Село дежураа кај манастирот над с.Смолари. Направен бил заштитен појас од околу 500 метри. Пожарот е сопрен на околу 100 метри од манастирот.
Инаку, синоќа од безбедносни причини беа евакуирани луѓето од манастирот. На терен дежураа и 4 полицајци од ПС Струмица.
РЦУК Струмица телефонски извести дека пожарот на Беласица е се уште активен и дека на терен се интервенира.