fbpx

Денес Струмица со 23 новозаразени, еден починат и десет оздравени од коронавирус

 Денес Струмица со 23 новозаразени, еден починат и десет оздравени од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на ковид-19 во:

– Скопје 261- Куманово 13- Штип 19- Прилеп 21- Тетово 30- Струга 5- Велес 13- Битола 21- Охрид 15- Кавадарци 11- Гостивар 10- Гевгелија 11- Струмица 23– Крива Паланка 4- Радовиш 6- Кочани 11- Пробиштип 6- Берово 2- Валандово 3- Виница 2- Делчево 3- Свети Николе 8- Кичево 13- Ресен 6- Неготино 1.

Починати се 9 лица, четири пациенти од Скопје (36, 60, 65 и 53г), еден пациент од Штип (66г), еден од Радовиш (72г), еден од Струмица (71г), еден од Пробиштип (75г) и еден пациент од Македонска Каменица (44г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 200 оздравени пациенти од:- Скопје 112- Куманово 2- Штип 7- Прилеп 5- Тетово 8- Струга 1- Велес 2- Битола 9- Охрид 3- Гостивар 8- Гевгелија 3- Струмица 10– Радовиш 5- Кочани 8- Берово 3- Валандово 4- Свети Николе 4- Кичево 3- Ресен 3.

Досега во земјата се направени вкупно 231.613 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25991, бројката на оздравени пациенти е 18247, на починати е 883, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6861.

Share via
Copy link