fbpx

Денеска почна масовната вакцинација на населението од струмичко

 Денеска почна масовната вакцинација на населението од струмичко

Утрово од 08:00 часот почна масовната вакцинација на населението од струмичко во регионалниот пункт во спортската сала во ООУ „Никола Вапцаров“.

Како што беше претходно најавено барањето на општина Струмица и надлежните здравствени инстутуции беше прифатено од страна на Министерството за здравство и од денес граѓаните од струмичко можат да се вакцинираат тука.

Како што информираше директорката на ЈЗУ „Здравствен дом Струмица“, Љубица Митева, вчера во пунктот се доставени 2.500 дози од кинеската „Синофарм“, кои се наменети за вакцинирање на сите граѓани кои се пријавиле до 30 минатиот месец, а пунктот кој досега работеше во просториите на спортска медицина е затворен и сите граѓани кои имаа термин за денес ќе се вакцинираат во регионалниот пункт.

Денеска регионалниот пунктот го посети и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој го истакна своето задоволство од можноста граѓаните од овој регион да се вакцинираат тука.

Според информациите од надлежните, во регионалниот пункт во Струмица дневно може да се вакцинираат околу 500 граѓани.

Share via
Copy link