„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Доделени сертификати за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост
Денеска во Општинската организација на Црвен крст Струмица се доделени сертификатите од првиот циклус обуки финансирани од Австриска агенција за развој, Австриски Црвен крст и Швајцарски Црвен крст.
Обучените кандидати ќе можат да ја даваат услугата помош и нега во домот на стари лица над 65 години, како и на изнемоштени лица и лица со попреченост.
Сертификати добија 15 лица, кои во периодот од декември лани до февруари годинава ја посетуваа обуката.