„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
„Еуромакс“ е посакуван работодавач во југоисточниот регион на Македонија
Истражувањето на агенцијата за посредување и вработување „Вработување“ покажува дека компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ е посакуван работодавач во југоисточниот регион на Македонија и речиси половина од испитаниците (45 отсто) се изјасниле дека сакаат да се вработат во Еуромакс, додека 24 отсто покажале интерес за можно вработување во компанијата
Добра плата и услови за вработување се два клучни фактори кои влијаат на одлуката младите да не се иселуваат од Македонија, особено меѓу помладите жители во југоисточниот дел на земјата. Можноста да се вработат кај добар работодавец со добра плата и нејзина навремена исплата, како и убавите услови за вработување, се на врвот на причини кои може да ги задржат младите дома, покажа истражувањето спроведено од агенцијата за посредување и вработување „Вработување“.
Анкетата е реализирана во струмичкиот регион, во Струмица и 30 села во околината каде е проектиран идниот рударски комплекс на „Еуромакс ресоурцес“ за да се утврди и интересот на жителите за вработување во компанијата и генерално за вработување во рударството. Во анкетата учествувале 400 жители од Општините Струмица, Босилово, Ново Село и Василево.
Според 90% од анкетираните жители кои активно учествуваат на пазарот на трудот, најважни при изборот на работно место се условите за работа, висината и редовноста на платата што ја нуди работодавецот. Дури 70% од испитаниците би останале да работат во нивниот регион, доколку им биде понудена добра плата и добри работни услови. Оддалеченоста на работното место од местото на живеење не е проблем за 70 отсто од испитаниците, кои се подготвени да патуваат.
Генерално 54% од испитаниците се изјасниле дека преферираат да останат и работат во Македонија, додека 19% сакаат да најдат работа во странство. Сепак, според резултатите на истражувањето, само 67 отсто од испитаниците на Југоистокот планираат во следните 5 години да останат да работат во Македонија. Останатите имаат планови да заминат во странство. Ова е особено изразено меѓу испитаниците на возраст од 18 до 44 години. Додека оние над 45 години преферираат да останат во Македонија.
Истражувањето покажува дека компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ е посакуван работодавач во југоисточниот регион на Македонија и речиси половина од испитаниците (45 отсто) се изјасниле дека сакаат да се вработат во Еуромакс, додека 24 отсто покажале интерес за можно вработување во компанијата.
Една третина од испитаниците се изјасниле дека не сакаат да работат во „Еуромакс“, но само 16.7% се изјасниле дека причината за ваквиот одговор е лошиот имиџ предизвикан од кампањата што се води против рударството во целина. Останатите наведуваат различни причини, како на пример и дека според нивната струката нема соодветни работни позиции во компанијата или веќе има добро вработување.
За добро работно место, дури 88 отсто од испитаниците се изјасниле дека се подготвени да поминат обуки и тренинзи.
Од испитаниците кои биле вклучени во истражувањето само 19% се занимаваат со земјоделство. Додека овој процент во градот Струмица е помал, само 9% од жителите во Струмица се занимаваат со земјоделство. Од овие испитаници дури 80% би сакале да работат во „Еуромакс“.
Од компанијата објаснуваат дека ваквите истражувања се дел од вообичаените активности за идентификување на неопходните вештини и едукација што ќе бидат барани и потребни со отворање на идниот рударски комплекс.
„Значајно е за „Еуромакс“ дека преку нудење солидна плата и добри работни услови, што ќе биде и случај кога ќе стартува развојот на проектот, ќе се привлече интересот на локалните жители да работат за компанијата и да се задржат жителите во регионот и на тој начин, би и се помогнало на државата и на регионот во справување со негативниот тренд предизвикан од миграцијата. Моментално постојат неизвесности од правна природа за развојот на Проектот, но исто така нема отворени нови работни позиции кои може да им се понудат на локалните жители“, велат од „Еуромакс“ и дополнуваат дека по отпочнување на градежните активности за проектот очекува многу попозитивна перцепција за компанијата во очите на локалните жители.
Комерцијална објава