„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Филипче:ВМРО ДПМНЕ ги предаде граѓаните и ја изневери довербата
-Во рекордно време, ВМРО-ДПМНЕ ги предаде граѓаните и ја изневери довербата која им ја дадоа. Надежта никогаш пократко не траела. Кампањата против ДУИ се претвори во дилови за гласање. Која е цената допрва ќе видиме. Ветувањето за помала администрација се претвори во плус четири министерства, без никаква оправданост или дебата, обајви пратеникот и кандидат за претседател на СДСМ, д-р Венко Филипче.
-Целта е повторно дил за поделба на власта. Ветувањето за намалување на задолженоста се претвори во најава за земање кредит од милијарда евра. Допрва ќе видиме и зад ова каков дил се крие. Ветувањето за подобри договори во меѓународната политика се претвори во отворање на веќе затворени проблеми и прашања. Едноставно катастрофа, напиша Филипче.