fbpx

Градоначалникот Костадинов ќе доделува награди за најубави дворни места на зградите

 Градоначалникот Костадинов ќе доделува награди за најубави дворни места на зградите

-Куќните совети кои ќе ги уредуваат и одржуваат зелените површини кои се во нивна сопственост како станари имаат можност за убави награди. Најдобро одржуваните дворни места на зградите во текот на годината, односно прво место како куќен совет ќе освојат 200.000 денари.Второ место ќе бидат наградени со 100.000 денари и трето место со 50.000 денари.За тоа ќе биде формирана посебна комисија од општината која ќе оценува, објави денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Струмичани, ајде уште еднаш да покажеме колку си ја сакаме Струмица. За чисти и средени дворови, за почиста Струмица, напиша Костадинов.

Share via
Copy link