fbpx

Интензивно се чисти снегот од улиците на Струмица

 Интензивно се чисти снегот од улиците на Струмица

Интензивно се чисти снегот од улиците во градот со 4 специјални возила за чистење на снег, три трактори кои расфрлаат сол и се ангажирани 75 работници,

Зимската служба на ЈПКД „Комуналец“ цела ноќ беше на терен со 3 трактори и фрлаше сол по улиците низ градот, од раните утрински часови вклучи 75 работници и 4 возила во расчистувањето на снегот.

Исто така се врши и чистење на тротоарите во централното градско подрачје.

-Имаме доволно механизација, сол и песок за интервенција, но сепак апелираме до учесниците во сообраќајот за внимателно возење во градот и кон населените места, соопштија од ЈПКД „Комуналец„.

 Висината на снежната покривка во Струмица утрово во 07:00 часот изнесуваше 15 сантиметри, а снегот и понатаму паѓа.

Share via
Copy link