fbpx

Кај Костурино приведен криумчар, пронајдени мигранти од Сирија

 Кај Костурино приведен криумчар, пронајдени мигранти од Сирија

МВР соопшти дека вчера околу 19:40 часот во село Костурино, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран при Регионалниот центар за гранични работи Исток го лишиле од слобода И.М.(30) од село Градошорци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Имено, околу 19.30 часот на регионалниот пат P-1401, на место викано „Валандовско брдо“, полициски службеници дале знак за запирање на две патнички возила „бмв“, со битолски и со штипски регистарски ознаки, но возилата не застанале, по што во село Костурино возилото „бмв“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал И.М., било запрено, а при преглед во него биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: МВР

Share via
Copy link