fbpx

Конститутивна седница на Советот, Даскаловски го предводи по четврти пат

 Конститутивна седница на Советот, Даскаловски го предводи по четврти пат

На денешната конститутивна седница на Советот на Општина Струмица за претседател со мнозинство гласови е избран Марјан Даскаловски, кој по четврти пат застанува на негово чело.

Седницата почна со верификување на мандатите на новозибраните советници. Во Советот мнозинството го има СДСМ со коалицијата со 13 советници, ВМРО ДППМНЕ и коалицијата има 9 и еден советник од листата на „Стига е“.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, им го честиташе изборот на советниците и во неговото обраќање им порача:

-Ја користам оваа прилика, од ова место да пожелам конструктивна и продуктивна работа во наредниот четиригодишен период и плодна соработка на релација Градоначалник – Совет на општината! Во таа смисла, дозволете да укажам на неколку суштински, важни аспекти за нашето работење и предводење на Локалната Самоуправа во иднина. Најпрво, сакам јасно и недвосмислено да потенцирам дека сите ние тука сме поставени по волјата на нашите Струмичани. Избрани сме за да им служиме и како Локална Самоуправа да работиме во правец на обезбедување уште подобри услови и можности за секојдневниот живот. Ова не смее да се потцени во ниту еден момент. Наш приоритет е и секогаш мора биде интересот на жителите на Општината! Затоа, нема да има простор за “терање политиканство“ и нема да има место за неработници и за корупција. Верувајте, ова ниту е, ниту пак ќе биде дозволено и толерирано, истакна градоначалникот Костадинов.

На денешната седница беа избрани и комисите на Советот на општината.

Share via
Copy link