fbpx

„Контекст-Струмица“ ги организира 15. Роднокрајни поетски средби во Струмица

 „Контекст-Струмица“ ги организира 15. Роднокрајни поетски средби во Струмица

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ во соработка со EU House Струмица, утре со почеток во 19:30 часот ве кани да го проследиме заедно 15-то издание на „Роднокрајни поетски средби“.

Да ја заокружиме оваа година во духот на поезијата и да уживаме во творештвото на роднокрајните поети од Струмица.

Станува збор за поетска манифестација која редовно се одржува на различни локации во Струмица и струмичко и истата има за цел да ги промовира домашните автори по еден сосема уникатен и неформален начин, со помош на интеракција и слободен пристап. Секој што пишува или има што да каже може да биде дел од овие средби, во иднина оваа манифестација ќе го прошири самиот формат, па освен поети, ова е идеално место да се претстават и луѓе кои се занимаваат со перформанс, stand up, слем поезија, free style изразување, MC-a и што уште не. Да се биде отворен кон сите нови форми на интерпретација е од исклучителна важност, со проширувањето на кругот на учесници ќе се создаде уште поширокогледа платформа.

Роднокрајни поетски средби досега биле домаќини на повеќе од 50 локални автори и десетици етаблирани поети од Македонија и странство.

Овој настан има за цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање, презентација и промоција на истите, истовремено да и понуди на публиката автори од Македонија и странство кои досега не настапувале во градот, а ја имаат желбата тоа да го направат пред публиката која со будна уво и душа е подготвена да го чуе секој нов стих напишан од оние кои се презентираат.

Самата цел на настанот е доближување на творештво поблиску до читателите и афирмација на роднокрајното творечко перо. Се гледаме на уште едно ново поетско патување!

Share via
Copy link