fbpx

Костадинов на одбележување на „Светите 15 свештеномаченици“ во Кукуш

 Костадинов на одбележување на „Светите 15 свештеномаченици“ во Кукуш

-Нашиот пријателски град Кукуш од Грција, денеска го слави празникот „Свети 15 Тивериополски Свештеномаченици” , според Грегоријанскиот календар, објави градоначалникот Костадинов.

-На покана на градоначалникот Димитрис Киријакидис, со делегација од мои соработници и советници, присуствувавме на утринската Божествена Литургија и Литија на која присуствуваше и нашиот Митрополит Струмички г. Наум и верници мои сограѓанки и сограѓани од Струмица.По утринската Богослужба имав средба со градоначалникот Киријакидис на којашто разменивме нови идеи за продлабочување на соработката меѓу двете општини. Нашите пријатели од Кукуш ги поканив на возвратна посета за празникот на нашата Струмица „Свети 15 Тивериополски Свештеномаченици“ на 11 декември, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link