fbpx

На местото од Маларичната болница ќе се градат паркинг и игралиште

 На местото од Маларичната болница ќе се градат паркинг и игралиште

На местото од поранешната Маларична болница во Стрuмица ќе се градат паркинг и повеќенаменско спортско игралиште, а по почнувањето на процедурата на Советот на Општината, кога треба да се одбијат неколку барања за легализирања на објекти кои се времени, ЈПКД „Комуналец“ треба да почне со расчистување на происторот.

Денеска ова го најави градоначалникот Костадин Костадинов на предавањето во употреба на новото повеќенамеско спортско игралиште во дворот на Домот на АРМ.

-Овој простор во некогашната Маларична болница нема регулиран статус, а средствата во износ од 2,2 милиони денари кои ги имаме во буџетот ќе ги пренасочиме кон комуналното претпријатие со цел да се расчисти просторот. Во буџетот за 2023 година пред советниците ќе излеземе со предлог на овој простор  да се изгради паркинг за потребите на Црквата „Свети Петнаесет“ и Џамијата, а дополнително со тоа ќе обезбедиме и едно мултифункционално игралиште за потребите на жителите од овој дел на градот, рече Костадинов.

Share via
Copy link