fbpx

НИКОЛАС ТРЕАНД, ПРЕТСЕДАТЕЛ И ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР ВО БОРДОТ НА ДИРЕКТОРИ НА ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ЛИМИТЕД ЗА THE ECONOMIST: “Реализацијата на Проектот Иловица-Штука може да биде стрaтешки и значаен фактор за подобрување на македонската економија

 НИКОЛАС ТРЕАНД, ПРЕТСЕДАТЕЛ И ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР ВО БОРДОТ НА ДИРЕКТОРИ НА ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ЛИМИТЕД ЗА THE ECONOMIST: “Реализацијата на Проектот Иловица-Штука може да биде стрaтешки и значаен фактор за подобрување на македонската економија

Комерцијална ПР објава

И оваа година, Г-дин. Николас Треанд, Претседател и Извршен Директор на Бордот на Еуромакс Ресоурцес, даде свое видување за перспективите на Проектот Иловица-Штука и спремноста на Еуромакс Ресоурцес и Трафигура Групацијата, најголемиот долгогодишен акционер, да се продолжи посветено се до негово целосно реализирање.

Во интервјуто дадено за годишното издание на „The Economist“, Г-дин. Николас Треанд повторно го истакнува значењето на Проектот Иловица-Штука како клучен фактор за надминување на економската криза и за подобрување на перформансите на македонската економија, како и за обезбедување на бакар во следните децении што е критичен минерал потребен за предвидената трансформација во „зелената“ одржлива економија.

Уште еднаш се потврди посветеноста на Еуромакс Ресоурцес и Трафигура Групацијата за реализација на Проектот Иловица-Штука, и за определбата за реализација на оваа „win-win“ капитална инвестиција во интерес на сите граѓани, без исклучок, преку вклучување на сите засегнати страни во неговата реализација. Дополнително, охрабрува фактот на позитивниот тренд во јавноста и поголемата подготвеност за реализацијата на Проектот, каде што во изминатиот период, неколку стотици жители од двете најблиски села Иловица и Штука потпишаа меморандум за соработка за неговата реализација.

Поради тоа, во изминатиот период не престанавме со нашата посветена работа на повеќе полиња за подобрување на технологијата и имплементацијата на нови технологии во Проектот, сe со цел процесот на екстракција на минералите од рудата да биде попродуктивен и поефикасен со минимално користење на водата и енергијата. Паралелно се развиваат и различни социјални програми, кои ќе придонесат за социо-економскиот развој и благосостојбата на населението во струмичкиот регион и пошироко, преку подобрувањето на инфраструктурата и пристапот до чиста вода за пиење.

Во прилог е интервјуто, кое може да го прочитате во годишното издание на „The Economist“:

„На крајот на 2021 година, прогнозите за 2022 година беа многу пооптимистички од реалноста со која се соочи глобалната економија. Воената интервенција во Украина и наметнатата енергетска криза сериозно го поттикнаа бранот високи инфлаторни стапки и речиси сите економии се соочуваат со потенцијална рецесија во 2023 година.

Од оваа перспектива, би требало да се соочиме со исклучително тешка 2023 година, каде што предизвиците и неизвесностите ќе бидат поголеми од кога било. Во таква ситуација, потребни се поголема мотивација, посветеност и ангажираност на сите заинтересирани страни за изнаоѓање на одржливи решенија,кои ќе бидат излез од оваа сериозна глобална економска криза.

Не случајно европските лидери ги променија приоритети за да ја одржат или да ја спасат својата национална економија. Набрзо, обезбедувањето на неопходни ресурси, минерали, јаглен и други неопходни суровини се постави како главен приоритет на економиите. Нуклеарната енергија зазема сe поголемо значење во агендите на владите како сериозна алтернатива за недостигот на другите суровини, пред сe на природниот гас. Потребата од обезбедување ресурси за иднината ја следат и големите автомобилски групации, како Форд, Крајслер, Фолксваген, Мерцедес, кои стратешки се врзуваат со рударските компании за обезбедување на потребните минерални ресурси. Речиси сите, без исклучок, се соочуваат со прашањето на егзистенција, па затоа тој отпор на невладиниот сектор за напуштање на користењето на фосилните горива е намален, како би се нашле најрационални решенија за преживување на ова економско цунами.

Во таа насока, треба да се бараат перспективите и за домашната, македонска економија, да се наоѓаат и реализираат проекти кои ќе дадат значаен ефект врз економијата и ќе помогнат за брзо надминување на оваа економска криза. Таков проект е и мега-инвестицискиот Проект за рударскиот комплекс Иловица-Штука, кој со неговата реализација треба да ѝ даде сериозен импакт на македонската економија.

Според студиите, Проектот Иловица-Штука треба да има значаен позитивен ефект врз македонската економија. Имено, преку реализацијата на Проектот се предвидува да се постигне раст на БДП од над 4% на годишно ниво. Со работењето на идниот рудник, ќе бидат ангажирани многу домашни добавувачи и се предвидува да се трошат приближно 70 милиони евра годишно за ангажирање локални партнери. На тој начин, паралелно со развојот на рударскиот комплекс, ќе се развиваат и другите бизниси и самиот рудник би требало да претставува мотор на развојот на целиот струмички регион и пошироко. За реализација и изградбата на идниот рударски комплекс,предвидени се вкупно 340 милиони евра директни странски инвестиции. Покрај тоа, од идниот рударски комплекс се предвидува да се реализира извоз од над 200 милиони евра на годишно ниво, со што Еуромакс би бил еден од топ три најголеми извозници во државата, и да се уплатуваат минимум 24 милиони евра годишно за даноци во државниот буџет. Преку идниот рударски комплекс, во текот на неговата изградба и оперирање се предвидува да се отворат нови 3.200 работни места, што сериозно позитивно ќе придонесе за ублажување на негативниот ефект од миграцијата во струмичкиот регион и пошироко.

Меѓутоа, вредноста на Проектот Иловица-Штука е уште поголема ако се земе предвид фактот дека со неговата реализација би се обезбедувал бакар следните децении, што е критичен минерал потребен за предвидената трансформација во „зелената“ одржлива економија.

Потребата од снабдување на критични минерали и метали го истакнува и Светска банка во своите извештаи, каде што е презентирано дека за потребната трансформација во „зелена“ технологија за производство на енергија од обновливи извори и нејзино складирање ќе бидат потребни околу 3 милијарди тони минерали и метали, односно до 2050 година потребно е зголемување на екстракцијата на критичните минерали за 5 пати повеќе од сегашната екстракција.

И покрај постојаните предизвици со кои се соочува реализацијата на Проектот Иловица-Штука, ние од Еуромакс Ресоурцес, заедно со нашиот најголем долгогодишен акционер Трафигура Групацијата, силно веруваме во неговата реализација. Дополнително, охрабрува фактот на позитивниот тренд во јавноста и поголемата подготвеност за реализацијата на Проектот. Во изминатиот период, неколку стотици жители од двете најблиски села Иловица и Штука потпишаа меморандум за соработка, преку кој се изрази подготвеност за соработка за реализацијата на Проектот Иловица-Штука заради подобрување на животниот стандард и квалитетот на живеење на локалните жители од овие села преку развој на Проектот.

Поради тоа, во изминатиот период не престанавме со нашата посветена работа на повеќе полиња за подобрување на технологијата и имплементацијата на нови технологии во Проектот, сe со цел процесот на екстракција на минералите од рудата да биде попродуктивен и поефикасен со минимално користење на водата и енергијата. Паралелно се развиваат и различни социјални програми, кои ќе придонесат за социо-економскиот развој и благосостојбата на населението во струмичкиот регион и пошироко, преку подобрувањето на инфраструктурата и пристапот до чиста вода за пиење.

Сите горенаведени параметри потврдуваат дека реализацијата на Проектот Иловица-Штука може да биде клучен фактор за надминување на економската криза и за подобрување на перформансите на македонската економија. Ние од Еуромакс Ресоурцес и Трафигура Групацијата силно веруваме дека реализацијата на Проектот, преку вклучување на сите засегнати страни, ќе биде „win-win“ капитална инвестиција во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија, без исклучок. Затоа ние и Трафигура Групацијата посветено ќе продолжиме сe до неговата конечна реализација.“

Share via
Copy link