fbpx

Николовски: Јас и Заев се откажавме од средствата за патни трошоци

 Николовски: Јас и Заев се откажавме од средствата за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски преку социјалните мрежи информираше дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажуваат од средствата за патните трошоци.

,,Укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на #СДСМ и наша програмска определба.

За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера заедно со претседателот на #СДСМ, Zoran Zaev, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци.

Ги охрабрувам колегите од сите партии да го следат овој чекор. Да дадеме мал придонес во насочување на што повеќе пари кај граѓаните, кај оние на кои им се најпотребни. #Можеме!”

Укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на #СДСМ и наша програмска определба.За да дадеме…

Gepostet von Ljupcho Nikolovski am Mittwoch, 12. August 2020
Share via
Copy link