„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Почна првиот фестивал „Вело Струмица“ под мотото „Струмица.. и сé е блиску!“
-Со денешниот прв настан “Вело Сервис“ можам да го најавам официјалниот почеток на новиот фестивал “Вело Струмица“ кој е првиот фестивал посветен на сите љубители на велосипедите и велосипедизмот, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Во следните неколку дена Струмица ќе има причина да се гордее бидејќи, ваквиот тип на фестивали и проекти кои се наменети за сите генерации влијаат одлично врз целокупното опкружување, како во Општината така и пошироко.Ги поканувам сите кои можат и кои имаат велосипед да го донесат на првиот настан од фестивалот кој нѐ води кон прогресивен напредок кон Европска Струмица и да го сервисираат, бидејќи Велосипедот не е старо железо, напиша Костадинов.